АФТИ – ШТО СЕ АФТИ И КАКО ДО НИВНО ЛЕКУВАЊЕ?
Една од најчестите заболувања на оралната слузокожа се афтите. Веруваме дека сте осетиле нелагодноста и болката кои ги носат со себе. Нивното име потекнува од грчкото име aftal што значи печење, жарење. Афтите се мали, болни ранички кои се јавуваат во внатрешноста на усната шуплина, со склоност или тенденција за зачестено појавување. Најчесто се присутни на подвижните делови на слузницата на усната шуплина, на јазикот, слузницата на образот или на усните.
Причинуваат болка несразмерна на нивната големина и го попречуваат секојдневното функционирање на човекот ( јадење, голтање, зборување). Непредвидливиот почеток и интензитетот на болката ги прават афтите многу незгодна и тешко поднослива болест.
Дали се афтите опасни?
Афтите не се опасни, но можат да бидат многу болни и иритирачки, особено ако се јавуваат често. Важно е да се напомене дека афтите не се заразни, односно неможат да се пренесат од еден на друг човек.
Афтите се болест на помладата популација, се појавуваат често кај децата, девојчињата и помладите жени повеќе отколку кај постарите. Болеста е почеста кај луѓето со повисок социо-економски статус , кај луѓе кои се повеќе изложени на стрес, а понекогаш е во прашање и фамилијарна предиспозиција.
Афтите се појавуваат најчесто во периодот од 10-тата до 19-тата година, а кај некои луѓе нивната појава се намалува во текот на стареењето. Процентуално 10-25 % од популацијата боледува од ова заболување. Неколку дена пред нивното појавување може да се почуствува чешање или пецкање.
Како изгледаат афтите?
Афтите можат да се појават во три клинички облици:
- Мали афти
Малите афти се појавуваат на слузницата на образот или усните, можат да бидат по 2-3 заедно и најчесто исчезнуваат сами во рок од 10-тина дена, не оставајќи лузна. Подрачјето на кое што избива афтата најпрво е црвенкасто и болно за да набрзо потоа се појави округла раничка со правилни рабови и жолтеникаво сив покрив.
- Големи афти
Големите афти траат повеќе недели, побавно зараснуваат бидејќи се работи за подлабоки ранички. Големите афти поретко можат да бидат не правилно обликувани, многу се болни, лечењето трае со недели и често оставаат лузни.
- Големи афти кои личат на херпес (т.н херпетиформни афти)
Овие афти се многу болни, ситни улцерации ( со обем од 1-2мм) кои најчесто се појавуваат на подјазичната слузница, на јазикот и слузницата на образот.
Кои се симптомите на афтите?
Симптомите на афтите се пецкање и болка кои се влошуваат ако пациентот јаде врела или зачинета храна. Тешките облици на афтите може да предизвикаат покачена телесна температура, оток на вратните лимфни чворови и чуство на слабост.
Зошто настануваат афтите?
Вистинската причина за појавувањето на афтите не е познате но постојат предиспозирачки фактори како што се следните:
- Фамилијарна предиспозиција
- Анемија, поради недостаток на железо, фолна киселина и витамини од Б групата
- Неутропенија (намалување на бројот на неутрофилни леукоцити во крвта)
- Алергија и пречуствителност на одредени состојки во храната (глутен и конзерванси)
- Емоционален стрес
- Физичка исцрпеност
- Метаболни пореметувања
- Хормонални пореметувања
Како се превенираат и лечат афтите?
Првенствено настојуваме да ја спречиме болката со површински анестетици, испирање со различни течности, потоа може да следи смирување на воспалението со употреба на котрикостероиди, подобрување на епителизацијата и подигање на отпорноста на организмот.
Превенирањето на афтите е тешка задача, а единствен начин да се успее во тоа е здравата исхрана, подобрување на имунолошкиот систем и колку е тоа возможно да се избегнува стресот.