News

ЧЕТКА ЗА ЗАБИ – која да ја одбереме и колку често да ја менуваме?

ЧЕТКА ЗА ЗАБИ – КОЈА ДА ЈА ОДБЕРЕМЕ И КОЛКУ ЧЕСТО ДА ЈА МЕНУВАМЕ?

Четката за заби е една од најважните предмети за одржување на орална хигиена. Сигурни сме дека многу пати сте се затекнале во продавница пред полица каде што се наога асортиман за орална хигиена и сте се двоумеле која четкичка за заби да ја одберете. Некој луге ќе ја изберат најефтината бидејки им е сеедно, некој најскапата бидејки мислат дека најскапото значи и најдобро. Некој од вас ке застанат и мудро ќе размислат и ќе прочитаат се што таа четкичка може. Па, така на некој четкички пишува дека го чистат јазикот или пак дека имаат гумички кој ги полираат забите. Изборот е голем но вистината е сепак поинаква. Често наидуваме на четкички за заби кој можат да преизвикаат траума на забното месо, без оглед на цената (ознака hard).

Ако сакаме да генерализираме тогаш е пожелно да се одбере мека четка за заби (soft) со која што при притисокот на забите и околното забно ткиво нема да се предизвика никаква траума, односно нема да дојде до повлекување на забното месо. Логично, ако со нешто грубо секојдневно упорно триеме на едно место дека тоа место и ќе настрада. Така е и со живото ткиво ( забното месо ) околу забите, па и со самиот заб. Секако тоа зависи и од начинот, смерот и притисокот на самото четкање. Под правилен начин на четкање на забите се смета четкање со кружни движења по забите и околното забно месо без преголем притисок. Забите во горната вилица се четкаат одозгора надолу а забите во долната вилица одоздола нагоре и секако да се внимава на притисокот при четкањето на забите.

За среќа на пазарот можат да се најдат многу квалитетни меки( soft) четкички кои многу добро ја работат својата работа и ако се користат на горе опишаниот начин, забите и околното забно ткиво ќе остане здраво долг низ години.

Колку често ја менувате четката за заби?

Сигурни сме дека многу често сте слушнале на изразот ,,менување на четката на секои три месеци”. Во ред, пробајте да се сетите, кога сте ја купиле четката што сега ја користите.

Бројте! Се сеќавате на денот, датумот? Ќе пробаме да го споредиме тоа со нешто, на пример со автомобилите и потрошувачката на гориво. По книга одреден автомобил троши 4л на 100км тоа е во идеални услови, но во стварниот живот тоа е поинаку кога ќе се земат секојдневните фактори.

Забната четкичка  може да трае 3 месеци ако после секое миење на забите е добро измиена и исушена, спремна во шкафчето надвор од надворешната средина. Ако добро ја одржувате хигиената на четкичката и се грижите за неа таа може да ја користите 3 месеци, меѓутоа доколку приметите дека влакненцата од истата се оштетени заменете ја и пред 3 месеци.