Treatment Post

Имплантологија

 

Голем број на луѓе се соочени со недостатокот на голем број на заби или пак на сите заби во горната или долната вилица Како последица на губењето на забите со тек на време доаѓа до губиток на коскената структура на вилиците што го отежнува протетското санирање. Имено, кога доаѓа до губиток на толкав број на заби да беззабите предели не е можно да бидат санирани со изработка на фиксни протетски помагала, мобилните протетски помагала односно протезите се воглавно единствено решение. Пациентите кои се соочени со протезите, особено тоталните и тоа во долната вилица знаат колку волја и труд е потребно за тие да можат да се носат. Но, исто така и кои се ограничувањата во функционална и естетска насока и колку се губи на квалитетот на животот. За среќа постои решение за овие проблеми. Тоа подразбира вградување на посебен вид импланти, кои ќе ги носат протезите и имаат за цел нивна стабилизација. Предноста на ваквите протези е бројна: Тие се максимално стабилни, што ја овозможува норамалната фунција на џвакање на сите видови храна се нормализира говорот, се смалува иритацијата на слузокожата, го нема непријатното чувство на нестабилност на протезата и со тоа се подобрува квалитетот на живеење на пациентот. Исто така, имплантите ги користиме каде што има недостаток на одреден број на заби, како нивна замена, за да се постигне санација со фиксно протетско решение. Самата постапка на вградување на импалнтите не е сложена и се изведува со локална анестезија, пополно безболно. Иако се добри имплантите, не е можно да се користат кај сите пациенти. Добриот клинички преглед со анализа на Rtg statusot  од страна на оралниот хирург е потребен за да се донесе конечната одлука за поставување на имплантите на одреден пациент. Во нашата ординација вообичаено се користат импланти од типот на ANKILOS.