Treatment Post

Орална хирургија

Апикотомија претставува хируршка процедура со која се отстранува патолошката содржина од коската во регијата на врвот на коренот на забот. Притоа од одлучувачка важност за успешноста на интервенцијата е претходно одлично изработен ендодонтски третман на истиот заб, добра хируршка техника на работа и соработката на пациентот. Во оваа интервенција вклучувањето на специјалниот ласер за орално-хируршки интервенции ,овозможува брзо и лесно зараснување на раната, без отоци и болка, како и многу поголема успешност на лекувањето.

Орална хирургија за бели, сјајни и убави заби!

Цистектомија

Оваа метода која ја користиме во нашата ординација претставува орално-хируршка интервенција со која се отстранува циста, која доколку не се отстрани, прогресивно расте и ја деструира околната коска.

Доколку цистата е со големи димензии, откако ќе се отстрани целосно, се поставува вештачка коска и мембрана која ќе овозможи побрзо пополнување на дефектот.бива финалниот резултат.

Синус лифт

Современата имплантологија денес ги проширува индикациите за вградување импланти и на места каде имаме најнеповолни услови за изведување на истата.

Станува збор за бочната регија во горна вилица каде имаме спонгиозна и разредена коска, присуство на пнеуматизација на синусот, брзо ресорбирање на аволарниот гребен по губиток на забите.

Синус лифт е техника која со помош на аугментација се аплицира коскен трансплантат помеѓу подот и слузокожата на синусот и на тој начин се обезбедува потребната количина фундамент за вградување на имплант.

Импактирани заби

Импактирани заби се заби кои не се израснати односно нивното никнување е оневозможено од разни причини: недоволен простор во вилицата, неправилна положба на самите заби, оневозможува никнење од другите заби, промени во коската и др.

Најчесто имапктирани се: умниците ( третите молари) потоа катниците (кучешките заби) па премоларите ( предкатниците) , а многу ретко и останатите заби.

За да не предизвикаат пореметување на забниот низ и збиеност на забите се препорачува нивно отстранување со претходно анализирање на RTG- панорамска снимка.

Отстранувањето на импактираните заби се врши со орално хируршка интервенција со локално анестезирање.

Полуимпактирани заби

Полуимпактираните заби се заби кои делумно се изникнати, најчесто станува збор за умниците ( третите молари).

Полуимпактираните заби можат да направат повеќе проблеми како: неможноста за нивното чистење, задржување на плак и храна, појава на кариес на самите нив па и на соседните заби, воспаление па дури и оток со болка и неможност за отворање на устата, лош здив, отежнато голтање и жвакање и др.

Поради тоа е потребно навремено хируршко интервенирање кое се прави со локално анестезирање и анализирање на RTG панорамска снимка.

Френулектомија

Френулумот е набор кој ги поврзува усните со забното месо, како и долната страна на јазикот со дното на усната шуплина.

Вообичаено френулумот не предизвикува никакви потешкотии бидејки станува збор за нормална структура на мекото ткиво во усната шуплина, мегутоа ако е задебелен или скратен може да има големо влијание на положбата на забите и повлекувањето на забното месо. Кога френулумот на јазикот е скратен може да влијае дури и на говорот, односно да го оневозможува или отежнува нормалното придвижување на јазикот. Кај цврстиот задебелен френулум кој се врзува ниско на забното месо многу често се забележува присустност на дијастема (раздвојување) помегу горните централни инцизиви. Понекогаш цврстиот и краток френулум предизвикува повлекување на забното месо па може да се појави црн триаголник на соседните заб, кој нормално би требало да биде исполнет со забно месо, а поради тоа повлекување може да биде видлив дури и коренот на забите.

Интервенцијата со која се ослободува скратениот и задебелениот френулум се нарекува френулектомија. Станува збор за краток и едноставен зафат кој прави голема разлика. Зафататот е потполно безболен бидејки се прави во локална анестезија, а конците кои се аплицираат после зафатот се вадат по 7 дена. Потребно е да се внимава првите неколку дена да во текот на четкањето на забите не се повреди оперираната регија.

Многу често после френулектомијата забното месо се враќа на висина на кое што претходно било, а кога ортодонски ќе се приближат забите којшто поради френулумот биле раздвоени, мала е шансата за нивно повторно раздвојување.

Во нашата ординација покрај конзервативниот начин на изведување на оваа хируршка процедура, на нашите пациенти им ја нудиме и опцијата за ласерско изведување на френулектомијата. Со оваа метода се скратува времето на хируршкиот зафат и се олеснува постоперативното заздравување на регијата врз која е извршен зафатот.

Вградување на вештачка коска

Улогата на виличната коска е да обезбеди потпора на забите во вилицата.

Таа ја губи својата функција заедно со губитокот на забите и почнува да се ресорбира. Ресорпцијата на коската на едно место може да предизвика понатамошно губење на коската па така и губиток на забите со што се менува лицевата структура.

Вештачката коска воглавно се вградува во случај кога е потребно да се постави имплант, а густината, ширината или висината на виличната коска не е доволна за да обезбеди стабилност на имплантот па, е потребно да се зголеми нејзиниот волумен.

Постапката на вградување на вештачка коска се изведува со употреба на локална анестезија и не е болна. Доколку губитокот на коската не е голем може истовремено со нејзиното вградување да се изврши поставување на имплантот.

Доколку сте заинтересирани за една од горните методи тогаш може да закажете бесплатна консултација на нашиот Call Центар: 02/3114 070 или онлајн на следниов линк: