Treatment Post

Rtg дијагностика

Кај сите  стоматолошки прегледи и дијагностички процедури рентген дијагностиката е од есенцијална потреба и без неа во современата стоматологија не е можна квалитетна и сигурна терапија.

RVG-радиовизиографијата во нашата клиника ни овозможува добивање на целна слика на секој поединечен заб и воедно ги прикажува сите поединости на коронката, коренот, како и околните структури на пародонтот и алвеоларната коска.

RTG сликата ја добиваме за само неколку минути, со што ни е  овозможена прецизна дијагностика и план на индивидуализирана стоматолошка терапија.

Од бројните предности на радиовизиографијата во нашата ординација би ги издвоиле -минимална доза на зрачење -голема прецизност на сликата -анализа на густината на коската -процесот на снимање се врши во рекорден рок, така да нема долги чекања за изработка на снимката.

Доколку сте заинтересирани за дијагностика тогаш може да закажете бесплатна консултација на нашиот Call Центар: 02/3114 070 или онлајн на следниов линк: