News

HALITOZA или лош здив

HALITOZA ИЛИ ЛОШ ЗДИВ

Лошиот здив може да биде резултат на лошата орална хигиена, лоши прехрамбени и други навики, но воедно може да укажува и на одредени здравствени проблеми.

1.Лоша или нередовна орална хигиена

Храната која ја јадеме почнува да се разградува уште во устата.Ако не ја одржуваме оралната хигиена, преостанатите честички од храната со своето распаѓање предизвикуваат порас на бројот  бактериите во помеѓу забите , на јазикот и во другите делови на устата.Забите треба да се четкаат најмалку два пати дневно, со забна паста на база на флуор и со мека забна четка со помала глава , која со леснотија може да допре и до најнедостапните места во устата.Покрај четкањето на забите треба да се користи и забен конец, како и соодветни интердентални четки и да се врши испирње со антибактериски водички.Забните протези и мобилните ортодонтски апарати исто така трба да се одржуваат чисти и повремено да дезинфицираат со средства за таа намена.Стоматологот треба да го посетувате најмалку на6-9 месеци.

2.Прехрамбени и други навики

Познато е дека одредени артикли како лукот и кромидот, можат да предизвикаат непријатен мирис од нашата уста.Консумирањето на кафето и алкохолните пијалоци, голем внес на слатки производи и пушењето, исто така придонесуваат за зголемен број на бактерии во устата.Некои од хранливите производи кои го освежуваат здивот се оние кои се богати со вода и влакна.Такви се свежите краставици, црвената пиперка, брокулата, ароматичните растенија и јогуртот.За редовно испирање на усната шуплина од бактерии, клучно е внесувањето вода во големи количини и создавање на поголемо количество плункса со жвакање на гуми за жвакање без шежер.

3.Здравствени проблеми

Доколку сте превземале се од горенаведеното, а лошиот здив сеусте опстојува, не е исклучено лошиот здив да потекнува од парододонтоза.Парадонтозата е болест на потпорната структура на забите, а ја предизвикуваат бактерии, кои формираат т.н. парадонтолошки џеповии ја разоруваат виличната коска.Редвните посети кај стоматологот же помогнат за рано откривање и нејзино санирање.Непријатната миризба може да ја предизвикуваат и габичните инфекции и кариозните заби.Исто така, kserostomijata, односно сувата уста, исто така допринесува за развој на бактериска инфекција и непријатна миризба.Недостатокот на плунка може да биде резултат и од земање на одредени лекови, проблеми со плунковите жлезди,или пак дишењето на уста.Лошиот здив може да биде предизвикан и од други болни состојби, како што е: воспалението на белите дробови, хронично воспален синуси, хроничен желудечен рефлукс, дијабетот и други.