КАКО ,,ГРИЦКАЊЕ” НОКТИ ВЛИЈАЕ НА ЗАБИТЕ?
Уситнувањето на храната е главна функција на забите, поради тоа сите активности како стискање, шкрипење на заби, цицање палец, грицкање на моливче, образ или грицкање на ноктите се сметаат за парафункционални активности.
Грицкањето нокти е нездрава навика, која се развива уште во детската доба, а ги оштетува забите и гингивата. Се проценува дека 30% од децата, 45% од тинејџерите и 10% од возрасните грицкаат нокти. Подлогата на овие навики е од психолошка природа: стрес, нервоза, фрустрација, напнатост, сите потикнуваат грицкање на нокти. Навиката на грицкање нокти има лоша последица по здравјето. Подрачјето под ноктите е преполно со бактерии како е.coli и вируси кои со грицкањето ги внесуваме во организмот. Вирусните брадавици често се појавуваат на прстите. Лесно се пренесуваат па со честото ставање на прстите во устата брдавиците лесно можат да се прошират на устата и лицето. Тргање на меките ткива околу ноктите со забите, ствара ранички кои резултираат со појава на црвенило, потикнуваат и гноење, зошто оголените и изгризани нокти се подложни на инфекција.
При грицкање на ноктите забите се во положба раб на раб што по низ години доведува до нивно неправилно трошење, лоша положба на предните заби, забите можат да станат изобличени и многу често може да се појави инфекција на гингивата. Ова е проблем што несмее да се игнорира, иако со лошата навика е тешко да се прекине со обзир на тоа дека е поврзана со психолошка состојба.
Децата и возрасните тоа го прават несвесно. Постојат лакови за нокти со горчлив вкус кој можат да помогнат во одвикнувањето на грицкањето на нокти или цицањето на палецот. Ако и после ова продолжи лошата навика потребно е да се побара лекарска помош.