News

Што е БРУКСИЗАМ и како до негово решавање?

Дали некогаш сте се разбудиле со стиснати заби и болка во виличниот зглоб ?! Или можеби сте приметиле  дека шкрипите со забите ?! Ако одговорот е да, тогаш се работи за бруксизам .

Бруксизмот претставува јако шкрипење и стискање на забите, ноќе додека спиеме. Пациентите со забите на долната вилица клизат по површината на забите по горната вилица и на тој начин неповратно ги оштетуваат.

Еден од симптомите на бруксизмот се и болките во подрачјето на увото, окото, виличниот зглоб и џвакалната мускулатура. Сите тие симптоми ако се игнорираат можат да доведат до претерано трошење на забите, оштетување на потпорниот апарат и виличниот зглоб.

Главната причина за бруксизмот се стресот и нервозата кај возрасните како и растот и развојт на забите кај децата од 4-тата до 6-тата година. Најчесто голем дел од луѓето и не знаат што всушност се случува со нивните заби ноќе, додека спијат, се до оној момент додека на тоа не им напомене нивниот животен партнер ( кој најчесто од гласното шкрипење неможе да спие ). Исто така и стоматологот при контролниот преглед го приметува губитокот на емајлот и претераното трошење на забите.

Често ги слушаме пациентите кога ке дојдат во нашата ординација со оштетена керамика после протетската терапија, како тврдат дека така се разбудиле и дека не им е јасно како настанало оштетувањето на протетската конструкција.

 

Како да се ослободите од бруксизмот?

Одговорот е едноставен – да се живее без стрес. Но, како што и сами знаете, во денешно време тоа и не е така едноставно. Затоа, прво треба да се санира целата евентуална ,,штета” настаната од бруксизмот, па потоа се изработува индивидуална заштитна гума која се става на забите секоја вечер пред спиење и со тоа се смалуваат симптомите настанати со шкрипење и стискање на забите.

Ако сте се препознале во овој текст, секако посетете не и навреме спречете го оштетувањето на забите кое подоцна може да доведе до многу поглеми проблеми. Ако имате прашања врзани за оваа проблематика или воопшто за здравјето на вашите заби, слободно закажете контролен преглед.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.