Treatment Post

Естетика на лице

Ако сакате да ја подмладите кожата на лицето и вратот, да ги отстраните брчките, да ги ремоделирате вашите усни, тогаш хијалуронските филери се одличен избор за Вас. Хијалуронот е многу популарна anti-aging процедура бидејќи на природен и сигурен начин ја враќа свежината на усните и вратот. Покрај тоа, самата процедура трае многу кратко – само околу 15-30 минути. Со текот на годините кожата на лицето и вратот ја губи еластичноста, станува тенка и сува, се опушта, се создаваат брчки а усните стануваат потенки. Сепак, тој процес може да се ублажи со помош на хијалуронот. Покрај тоа, кога кожата еднаш ќе се третира со хијалурон таа побавно старее.

Хијалуронот е гликозаминогликан – природна супстанца која веќе се наоѓа во сврзното ткиво на кожата и веднаш по апликацијата хармонично се вклопува во ткивото.

[/vc_column_text]
[/vc_column][/vc_row]

Што е хијалурон?

Хијалурон ( хијалуронски филери, хијалуронска киселина) е гликозаминогликан – природна супстанца која веќе се наоѓа во сврзното ткиво на кожата и има повеќекратна функција:

  • Хидратација на кожата (способен е да врзе и до 500 молекули вода),
  • Одржување на тонусот на водата,
  • Неутрализирање на штетните слободни радикали.

Врзувајќи ја водата, хијалуронската киселина овозможува подобра хидратација на ткивото. Меѓутоа, како поминуваат годините, нашата кожа ја губи еластичноста, тонусот и се смалува нејзината хидратација, како резултат на ресорпцијата на хијалуронската киселина. На тој начин се појавуваат брчките. Затоа хијалуронските филери се внесуваат под кожата за да се поправат горенаведените недостатоци.

Кога се препорачува употребата на хијалуронот?

Оваа процедура е многу популарна, баш поради тоа што е адекватна за сите возрасти.

За употребата на хијалуронските филери нема долна граница во годините кога можат тие да се користат.

Оптимално е да се почне кога ќе се појават првите брчки, независно од годините, бидејќи тогаш додека се во својот зачеток можат полесно да се корегираат и да се спречи нивното продлабочување.

Што се постигнува со хијалуронот?

  • подмладување на лицето и вратот,
  • подмладување на рацете,
  • контурирање на образи и јагодици,
  • контурирање и пополнување на усни,
  • освежување на ивиците на усните,
  • пополнување на брчките на челото и коренот на носот,
  • пополнување на брчките околу очите,
  • пополнување на брчките околу усните,
  • пополнување на назолабијалните бразди(линиите кои одат од базата на носот до надворешниот агол на усните),
  • се пополнуваат и ситните лузни.

Колку трае ефектот на хијалуронот?

Ефектот трае од 12-18 месеци (што зависи од типот на кожата и регијата во која се третира).

Резултатот на пополнувањето на усните со хијалуронски филери е видлив веднаш и се подобрува после еден или два дена од третманот и трае од 6-9 месеци на почетокот, а ако третманот се повтори после пола година, ефектот е видлив и повеќе од 12 месеци.

Колку трае процедурата на вбризгување хијалурон?

Третманот трае 10-15 минути.

Колку трае заздравувањето после интервенцијата?

Убавата вест е дека после вбризгувањето на хијалуроноските филери, кога тоа се работи со канила, периодот на заздравување е краток и многу брзо се враќате на секојдневните обврски.

БОТОКС

Ботоксот во медицината се користи веќе 40 години при лечење на пореметување во неврологијата, а во пластичната хирургија за отстранување на брчки повеќе од 30 години.

Ботоксот е како волшебно стапче кога го користат искусни лекари, брчките скоро и во целост и да исчезнуваат, процедурата трае кратко, а годините се избришани од лицето. Сето тоа ја чини оваа процедура една од многу успешните и многу популарните третмани во светот.

Ботоксот (Botox) односно botulinum toxin А е прочистен протеин кој го произведува бактеријата clostridium botulinum.

Што е ботокс?

Уште од 1980 година лекарите го користат ботоксот при пореметување во мускулатурата и офталмологијата, додека за третманите при отстранување на брчките е одобрен од 1980 година.

Ботоксот (Botoks) односно botulinum toxin А е прочистен протеин кој го произведува бактеријата clostridium botulinum.

Како делува ботоксот?

Кога ботоксот во мали количини се вбризгува во специфичните мускули се спречува нивната претерана контракција, со што се оневозможува настанувањето на брчките таму каде што обично се најизразени, а со тоа се ублажуваат веќе постоечките.

Најчесто се применува кај пациенти на возраст од 30-70 години.

Кој брчки можат да се отрстранат со ботокс?

Упорните брчки, бидејќи движењата на мускулатурата на лицето создаваат брчки на кожата.

Брчките во коренот на носот даваат загрижен изглед, а брчките на челото и околу очите допринесуваат да лицето изгледа постаро него што навистина е. Со нивното отстранување со помош на ботокс се добива свеж и младолик изглед на лицето.
Одлични резултати дава ботоксот и тогаш кога е потребно:

  • да се спречи настанувањето на длабоки брчки,
  • да се отстранат брчките околу очите,
  • да се исправи асиметричноста на веѓите или капаците,
  • да се отстранат вертикалните бразди и брчки на челото,
  • да се отстранат брчките на носот и околу носот,
  • да се отстранат брчките и браздите помеѓу веѓите,
  • да се отстранат брчките околу вратот,
  • да се отстранат брчките над горната усна,
  • да се отстранат брчките во линијата на смевот.

Колку трае дејството на ботоксот?

Резултатите од ботоксот траат од 4-6 месеци што зависи од типот на кожата, староста, типот на кожата и здраствената состојба.

Третманот може да се повторува на секој 6 месеци неограничен број пати, а секој нареден пат ефектот е подолг.

Доколку сте заинтересирани за една од горните методи, може да закажете бесплатна консултација на нашиот Call Центар: 02/3114 070 или онлајн на следниов линк: