Treatment Post

Парадонтологија

Парадонталната болест е хронична дегенеративна болест на ткивото околу забите (гингивата,коската и лигаментите).

Причините се: генетска предиспозиција, пушење, лоша орана хигиена, Нездрав начин на живеење, стрес, опаднат имунитет и др.

Терапија

Терапијата пред се е во навременото интервенирање уште во почетокот на парадонталната болест:

  • Отстранување на тврдите наслаги (чистење забен камен)
  • Отстранување на меките наслаги (обработка на парадонтални џепови)
  • Употреба на одредени медикаменти
  • Пескарање и др.

Забниот плак подразбира послабо или повеќе видливи наслаги, кои на површината на забите заостануваат после внесувањето на исхраната. Доколку тие наслаги со правилни хигиенски мерки не се отстранат тие стануваат се подебели, и заедно со таложењето на минералните соли од плунката создаваат цврсти наслаги на забен камен кои ги опкружуваат забите и со тоа овозможуваат настанок на болестите на paradontot. Во забниот плак се присутни микроорганизми посебно Streptococi и Lactobacili. Тие во топла и влажна средина забрзано се размножуваат создавајќи киселини кои ја оштетуваат глеќта на која подоцна се појавуваат бели точки.Тоа е почеток на забниот кариес кој доколку не се спречи ќе ја уништи структурата на забот. Со примена на ултразвучниот чистач на забен камен во нашата ординација без оштетување на забната глеѓ Ви помагаме да го спречите овој  неповратен процес и на тој начин повторно да добиете здрави заби и убава насмевка.

Чистење на забен камен

Чистење на забен камен е процес на отстранување на тврдите забни наслаги кои во суштина се создаваат со минерализација на супрагингивалниот и субгингивалниот дентален плак (биофили што се ствара од бактериите во устата, протеините и продуктите од храната)

Создавањето на забниот камен зависи најмногу од одржувањето на оралната хигиена, но и од составот на плунката (концентрацијата на калциум и фосфер) , нејзината киселотст, ензимите и др.

Како предиспонирачки фактори за стварање на забен камен се вбројуваат: генетската предиспозиција, неправилната положба на забите, носење ортодонски и протетски направи, недобра орална хигиена и др.

Чистењето на забниот камен може да се врши најчесто ултразвучно, рачно, ласерски. После чистење на забниот камен обично се прави и полирање на забите.

Обработка на парадонтални џебови

Обработката на парадонталните џебови во суштина е киретажа на парадонтален џеб, односно отстранување на сите патолошко изменети ткива во парадонциумот.

Се извршува со специјални инструменти наменети за таа цел. Најчесто се врши рачно но може и хируршки со така наречен резен операција.

Пескарање

Пескарањето е постапка на одстранување на меките забни наслаги, пигментации, дамки од кафе, чај, вино, цигари и др.

Ова всушност е детокс терапија на цела усна празнина која се изведува со специјален апарат кој е дизајниран да под јак притисок исфрла гасирани честички (натриум бикарбонат) и вода на површината на забите и измеѓу нив.

Пескарењето е потполно безболна постапка, воопшто не е штетна туку е доста пријатна за пациентите чии заби стануваат по сјајни, глатки, чисти.

Полирање на забите

Полирањето покрај тоа што придонесува за поубав и подобар изглед на забите после отстранувањето на каменецот има уште една многу важна улога.

Со полирањето се спречува повторно настанување на каменецот, или барем се пролонгира периодот на негово повторно таложење на површината на забите.

Полирањето се извршува со четкичка и посебна паста за таа намена. Поентата на користењето на ротирачката четкичка е можноста таа да навлезе и да ги отстрани сите можни нерамнини кои се наоѓаат на забот. Пастата која се користи за полирање на забите користи абразивни честички кои допринесуваат за подобар ефект и избелување на забите. Полирањето на забите е здраво, препорачливо и не е штетно.

Со полирањето не се оштетува емајлот на забите.

Доколку сте заинтересирани за една од горните методи тогаш може да закажете бесплатна консултација на нашиот Call Центар: 02/3114 070 или онлајн на следниов линк: