Treatment Post

Протетика

Протетиката е гранка на денталната медицина која се занимава со надоместување на изгубените заби. Исто така, целта на протетиката е да покрај функцијата обезбеди и совршена естетика.

Протетиката опфаќа две гранки: мобилна протетика и фиксна протетика

Mобилна Протетика

Тотална протеза

Со тоталните протези се надоместуваат сите заби кои недостасуваат во устата. Изработката им зависи од анатомската градба на вилицата што се формира по вадењето на забите.

Парцијална протеза

Со парцијална протеза се надоместува недостатокот од повеќе заби доколку тоа не е возможно да се направи со помош на фиксно решение. Таа може да биде акрилатна во потполност, што е предност ако треба во неа  да се додаде заб што е изгубен после протетската рехабилитација или метал-скелетирана(визил протеза).

Визил (скелетирана) протеза

Основата на оваа протеза ја чини легура (никел- кобалт хром) и од таму и потекува нејзиното име. Преостаниот дел на протезата, кој што ги надометува изгубените заби се изработува од акрилат. Употребата на визил протезата е доста често и се користи во случаеви каде што распоредот на преостанатите заби не дозволува изработка на фиксно протетско решение.

Во нашата ординација изработуваме два типа на овие протези:

  • Класична визил протеза – Овој вид на скелетирана протеза се придржува на останатите заби со помош на специјално дизајнирани лиени кукици, кој се изработуваат од иста легура како и основата на протезата. Кукиците ја држат цврсто протезата но се доволно еластични за да може да се извади протезата и да се чистат останатите заби.
  • Визил протеза со припрема – Овој вид на визил протеза го решава естетскиот проблем на класичната протеза односно видливоста на кукиците. Кај неа се применува посебен начин на врзување со преостанатите заби односно со атечмени и пречки. За да може да се постигне естетскиот ефект преостанатите заби потребно е да се обработат и стават под коронки.

Имедијантна протеза

Овој вид на протеза е привремено решение при губиток на еден до два заба  со цел да се постигне брза и едноставна естетстка санација и да се врати самодовербата на пациентот.

Репаратура на протези

Покрај изработката на нови протези , понекогаш се укажува потреба да ги поправиме (репарираме) старите, со цел да стојат подобро во усната шуплина.

Исто така, некогаш се укажува потреба и од додавање на заби и санирање на преломи на постоечките протези.

Фиксна протетика

Коронка е протетски надоместок кој го покрива забот со цел да го обнови својот облик боја и функција.

Коронките се потребни тогаш кога е забот толку оштетен што пломбирањето нема да го реши проблемот.

Коронките се користат за прицврстување на мостови , за заштита на забите од фрактури и прекривање на лошиот облик на забите и евентуално кога се тие потемнети.

Постојат повеќе видови коронки кои можат да се поделат во 3 групи во завистност од материјалот од кој се изработени. Можат да бидат метални, метал-керамички, во потполност керамички.

Металните коронки (најчесто златните) се користеа многу во минатото но денес скоро и да не се употребуваат.

Денеска метал-керамичките коронки се стандард најголем број од пациентите ги бараат токму нив. Ваквите коронки имаат метална основа врз која се пече керамиката.

Последната категорија на коронки се во потполност керамички и многу се естетски (CAD-CAM, cirkonia ).

За да може да се направи коронка забот треба претходно да се обработи(избруси), потоа се зема отпечаток и се праќа во заботехничката лабараторија.

По оваа постапка пожелно е на забот да се постави привремена коронка, која има за цел забот да го заштити од надворешни влијанија и исто така има естетска улога.

Мостови

Забните мостови се индицирани кога во устата фалат еден или повеќе заби.

Тие се протетски конструкции кои ги поврзуваат носачите и ги надоместуваат забите што недостасуваат.

Носачите на мостот можат да бидат природни заби или забни импланти, помеѓу нив може да недостасуваат еден или повеќе заби, а целта на изработката на забниот мост е да се врати естетиката и функцијата на изгубените заби.

Изработката на мостовите се одвива во неколку работни фази. Бројот и должината на фазите зависи од технологијата на изработката на мостовите, намената на мостовите (привремени или трајни) како и од матријалот од кој што се изработуваат.

Забните мостови обично траат од 5 до 15 години. Со добра орална хигиена и редовни контролни прегледи, не е невообичаено да трајноста на мостовите биде поголема од 10 години. После тој период потребно е да се замени забниот мост, особено ако постојат промени на нивото на меките ткива и забната коска, што секако е природен процес проследен со стареењето.

Мериленд мост

Предноста на овие мостови е во тоа што се надоместува еден до два изгубени заби без поголемо отстранување на глеќта од соседните заби што го ограничуваат празниот простор.

Најчесто се користат како привремено фиксно решение додека трајната замена не биде изработена.

Доколку сте заинтересирани за една од горните методи тогаш може да закажете бесплатна консултација на нашиот Call Центар: 02/3114 070 или онлајн на следниов линк: