Во текот на редовните контролни прегледи можат навремено да се откријат причинителите и проблемите за оралното здравје и воедно да се елеминираат во почетната фаза. На тој начин, можат да се избегнат скапите и долготрајни терапии за санација. На овој начин се продолжува векот на вашите природни заби а на себе си овозможувате поздрав живот. Во текот на редовните контролни прегледи пожелно е да се направи чистење на забниот камен со ултразвук, детално да се обработат сите површини на забите и да се направат одредени корекции доколку е потребно. Воедно, ги контролираме непцата, ги отркиваме можните знаци за воспаление на гингивата и периодонталните заболувања. При контролните прегледи Ви даваме совети за понатамошно одржување на оралната хигиена, одговараме на сите ваши прашања и Ве едуцираме за понатамошното одржување на вашето забало. Во денешно време сме бомбардирани со фармацевтски препарати од сите брендови па така превентивната стоматологија овозможува и правилен избор на препарати за негување на Вашите заби а, воедно Ве информираме и за начинот и времетраењето на нивната примена.
Предлагаме:
- Проверка на сите пломби,
- Комплетен преглед на усната шуплина, како би можеле навремено да утрврдиме знаци или постоење на одредени други заболувања,
- Полирање на забите – отстранување на меките наслаги од површината на забите,
- Залевање на фисури – третман кој се препорачува во детската возраст како превенција од создавање на кариес.
Консултации
Нашиот тим особено внимава на консултативните прегледи, кога пациентите се јавуваат во нашата ординација со веќе постоечки проблем.
Тогаш заедно со пациентот се договараме околу начинот на негово решавање.
За таа цел најчесто се користиме и со RTG дијагностика на Вашето забало за да можеме да имаме што поадекватна слика за потенцијалните проблеми и како тие да се отстранат.
Се трудиме на најсоодветен и најбрз начин да ви помогнеме да го елеминирате настанатиот проблем и да ја вратиме Вашата насмевка и самодовербатат.
Како ефектите на нашата изработка бидат по долготрајни користиме матријали со највисок квалитет.
Пломбирање
Пломбирањето или исполнувањето на забите се врши после санација на забите оштетени од кариес, со цел да им се поврати нормалната функција и анатомскиот облик на забите.
Пломбата го затвора просторот во забот и спречува повторно навлегување на инфектот.
Не постои унифициран тип на пломба кој е најдобар за сите пациенти. Она што е најдобро за вас треба да го процени самиот стоматолог во зависност од тоа колкав е дефектот на самиот заб.
- Композитни (бели) пломби – Овие пломби се со слична или иста боја на вашите заби и се ставаат во видлива регија со цел да се одржи нивниот природен изглед.
- Нано композитни (естетски) пломби – матријали базирани на нано технологијата ја имаат опалесценцијата и транспарентноста на природниот заб затоа се избор број еден на нашите пациенти.
- Порцелански пломби – ако оштетувањето зафатило поголем дел од забната маса се препорачува изработка на инлеј или онлеј кој се изработуваат во техника и совршено го исполнуваат забниот дефект.
- Гласјономерни пломби – овој тип на пломби се користи претежно кај млечната дентиција. Денеска матријалите што се користат кај најмладите се во потполност прилагодени за нивната возраст и се полимеризираат за кратко време.
- Амалгамски (црни) пломби
Лекување на забите – Ендодонтски третман
Ендодонтскиот третман односно лечењето на забите всушност претставува третман кој е во народот познат како ,,вадење на нерв”.
Ендодонтската терапија всушност е терапија на внатрешноста на забот. Првите асоцијации на овој термин кај пациентот се болка и нелагодност но, современиот ендодонтски третман најчесто се врши потполно безболно со примена на анестезија.
Секој заб го сочинуваат тврди надворешни структури како што се емајлот, дентинот и цементот на забот но, и меко ткиво како што е пулпата која се наоѓа во внатрешната шуплина на забот. Во забната пулпа покрај нервот се наоѓаат крвни, лимфни садови, сврзно ткиво…
Забниот нерв има важна улога за раст и развој на забите но кога забот еднаш ке никне и ке го заврши својот развој, функцијата на нервот станува сензорна, односно способност на забот да реагира на термички промени како што се топло и ладно.
Кога кариесот на забот ќе напредне толку за да ја оштети комората на пулпата а со тоа и самиот нерв, забот станува чуствителен на дразбите од надворешната средина. Тогаш, за да се излекува самиот заб а со тоа да се елеминира и болката кај пациентот потребно е да се изврши ендодонтскиот третман.
Како се врши ендодонтски третман?
Самиот третман подразбира механичко чистење и испирање на бактериите, распаднатите органски состојки и токсините кој што преостанале при ,,пропаѓањето” на забниот нерв. Сите горенаведени параметри може да доведат до воспалителна реакција на околното ткиво, болка, оток и други состојби кој го следат секое воспаление.После чистењето на коренските канали и нивно испирање следи нивно полнење со специјални пасти како би се овозможило да просторот во внатрешноста на забот остане херметички затворен. Вака се намалува можноста за повторна инфекција и населување на бактерии во самиот заб. Така се оневозможува повторно јавување на воспалителна реакција со сите нејзини последици.Во нашата ординација поседуваме посебна апаратура за прецизно извршување на овој тип на третман, како што се апекс локаторот и ендо моторот со чија помош успешно се одредува должината на коренскиот канал а, воедно може да се отстрани инфектот и од најнедостапните места во истиот.
Во случај кога на врвот на коренот на забот постои периапикална лезија постојат 2 начини на терапија
- Конзервативен – обработка на каналите со примена на разни пасти
- Хируршки – кога со помош на хируршки третман, наречен апикотомија се отрстранува горната третина од забниот корен каде всушност се наоѓа инфектот.