Treatment Post

Естетска стоматологија

Со белењето на забите се добиваат бели, сјајни и убави заби и тоа сакаме да видиме кај себе и кај другите луѓе. Убавата насмевка е првото нешто што го приметуваат луѓето при првото запознавање. Насмевката освен што ве разубавува ви ја враќа и Вашата самодоверба. Кафето,никотинот, црвеното вино, чаевите, животниот стил влијаат на бојата на Вашите заби. Поради тоа, често пати се налага да се направи постапката на белење на забите. Во нашата ординација применуваме повеќе методи на избелување на забите.

Естетска стоматологија за бели, сјајни и убави заби!

Професионално белење на заби (амбулантски)

Оваа метода која ја користиме во нашата ординација претставува потоплно безболна и безбедна процедура. Основата на системот е водороден пероксид во облик на гел кој се нанесува на Вашите заби и специјална УВ ламба која не загрева и не ги оштетува забите туку има улога да го убрза процесот на нивното белење.

Самиот гел содржи флуор кој има профилактичко дејство за Вашите заби. Пред да започне процесот на белење со посебен клуч за бои се одредува бојата на Вашите заби со цел да се увиди разликата во бојата што се добива како краен резултат.

Во текот на белењето гингивата се заштитува со посебен гел, се нанесува средството за белење и по 40-тина минути се добива финалниот резултат.

Домашно белење на заби

domasno belenje zabiВо ординација се зима отпечаток на Вашите заби, врз база на кој во техника изработуваме сплинт кој му се дава на пациентот за заедно со гелот за домашна употреба.

Во калапот се нанесува мала количина од гелот за белење, која пациентот ја става во уста и ја носи  неколку часа во текот на денот.

Процесот може да трае од 3 до 7 дена после кој се добива резултат еднаков на професионалното белење.

Ламинати

Ламинатите се тенки лушпи од керамички матријал кои се прицврстуваат на предната страна од забите.

laminatiМожат да бидат идеално решение за промената на изгледот на предните заби. Се ставаат за да се промени обликот, бојата на забите и да се разубави насмевката.

Ламинатите се отпорни на пребојувањата од кафе, чај, чад од цигари и др.материи кои пребојуваат.

Тие можат да се користат за маскирање на тетрациклински пребоени заби, фрактурирани заби како и на заби кои се пребоени како резултат на лечењето на коренскиот канал. Можат да се користат и како алтернатива ако постои мало растојание помеѓу предните заби.

Белење на авитални (мртви) заби

Забите, често поради голем кариозен процес или пак траума, имаат потреба од отстранување на пулпата која го исхранува забот, а поради тоа по одредено време доаѓа и до потемнување на забот.

Кај ваквите заби во текот на третманот на забот се аплицира средство за белење, кое се остава да делува неколку дена. Контрола се врши секојдневно.

По успешното белеење забот се затвара со соодветна пломба.

Безметална керамика

Безметалната керамика е врв на денешната современа стоматологија.

Естетската стоматологија не би можела да се замисли без безметалната керамика. Самиот начин на изработката на безметалните конструкции, со компјутерско скенирање прецизно брусење и ласерско сечење на безметалната конструкција доведува до лесно упасување на конструкцијата под гингивата и совршен изглед на Вашата насмевка.

Самото брусење на безметалните изработки оди веднаш до гингивата или пола милиметар под неа, така се добива најдобар естетски ефект. На овој начин не постои никаква опасност за повлекување на непцето и негова реакција на циркониумот.

Исто така треба да се напомене дека матријалот е биокомпактибилен со околното ткиво.
Со безметалната керамика може да се постигне совршенство што со употребата на метал керамичките конструкции можело само да се замислува.

Доколку сте заинтересирани за една од горните методи тогаш може да закажете бесплатна консултација на нашиот Call Центар: 02/3114 070 или онлајн на следниов линк: