Treatment Post

Детска стоматологија

Кога се работи за детската возраст многу е битно да децата стекнат доверба во стоматологот и воедно да воспостават навики за здрава исхрана и орална хигиена. За таа цел е битен правилниот пристап од наша страна, како и навикнување на амбиентот во кој работиме.

Првиот контакт со стоматологот е од пресудно значење за да детето не развие страв и нелагодност при посетата на стоматолошката ординација. Поради тоа, многу е битно да првиот контакт на детето со стоматологот биде кога тоа нема никакви проблеми, со цел полесно да се навикне на амбиентот во ординацијата, како и подобро да се запознае со својот стоматолог.

Соработката со родителите е многу битна, бидејќи тие се клучниот фактор во припремата на детето за доаѓање во стоматолошката амбуланта.

Детската стоматологија треба да пружи навремени информации за правилната орална хигиена на млечните заби, времето на нивното менување, залевањето на фисурите и евентуалните малоклузии што се појавуваат во детската возраст.

Кога е вистинското време да започнете со оралната хигиена кај децата?

Млечните заби почнуваат да растат околу 6 месечната старост на детето и процесот на нивниот раст трае се до нивната 3-та година.

Временскиот период кога ќе почнат да растат млечните заби е индивидуален и тој нема никакво влијание на нивниот правилен раст и развој.

До 3-тата година детето треба да добие до 20 заби, па родителите добиваат впечаток дека на детето во тој период постојано му никнат заби.

Кога ќе се појават првите забчиња, детето треба полека да се навикнува на користење на четката за заби. Дури кога детето ке научи да ја исплука водата, полека може да се почне и со примена на паста за заби.

Лекување на детските заби

Многу е битно да се одржат здрави млечните заби се до нивното менување со цел да не се наруши џвакалната функција и говорот кај детето.

Но, за жал тоа не е секогаш можно па поради тоа е битно да се направи навремена санација на млечните заби.

Циркуларен кариес

Тоа е специфичен облик на кариес што се јавува на млечните заби, најчесто во првите години од животот.

Непосредно по никнувањето (ерупцијата) на забите во горниот дел се наоѓаат наслаги под кои се забележува кредаста боја на емајлот. Многу брзо доаѓа до разорување на емајлот до ширење на кариесот и негово спојување во големи кавитети.

Кариесот се шири кружно (по што го доби и името)за на крај да ја разори целата коронка и да дојде до кршење на забот. Поради ова, како и во превенција за појава на други видови кариес во нашата ординација големо внимание придаваме и на превентивната стоматологија.

Редовните прегледи и залевање на фисурите кај детската популација влијаат на намалувањето на појавата на секаков вид кариеси од една страна, исто така позитивно влијаат на привикнувањето на детето на редовни посети и работа во стоматолошката ординација.

Инаку, децата се многу осетиливи и се плашат од заболекарот, па е потребно тој да има близок однос со родителот и детето.

Превентива – залевање на фисури

Вдлабнатините на горната гризна површина на моларите, со чија помош детето ја ситни храната ги нарекуваме фисури.

Кај првите стални молари тие знаат да бидат многу длабоки, со што се отежнува нивното чистење. Така тие претставуваат места каде што најчесто се јавува кариес во детската возраст.

Залевањето на фисурите се врши со цел да се спречи појавата на кариес во детската возраст а, со тоа да се намали и трауматичното искуство на детето.

Процесот се врши со залевач кој се става во длабочината на фисурите каде што се стврднува.

Залевањето е можно кога забите не се зафатени со кариес и затоа е препорачливо овој третман да се направи во текот на првата година од никнењето на овие заби.

Доколку сте заинтересирани за детска стоматологија тогаш може да закажете бесплатна консултација на нашиот Call Центар: 02/3114 070 или онлајн на следниов линк: