Кај сите стоматолошки прегледи и дијагностички процедури рентген дијагностиката е од есенцијална потреба и без неа во современата стоматологија не е можна квалитетна и сигурна терапија.
RVG-радиовизиографијата во нашата клиника ни овозможува добивање на целна слика на секој поединечен заб и воедно ги прикажува сите поединости на коронката, коренот, како и околните структури на пародонтот и алвеоларната коска.
RTG сликата ја добиваме за само неколку минути, со што ни е овозможена прецизна дијагностика и план на индивидуализирана стоматолошка терапија.
Од бројните предности на радиовизиографијата во нашата ординација би ги издвоиле -минимална доза на зрачење -голема прецизност на сликата -анализа на густината на коската -процесот на снимање се врши во рекорден рок, така да нема долги чекања за изработка на снимката.