Во нашиот центар користиме едни од најдобрите 5 светски брендови на импланти: Ankylos имплантните системи. Добрата орална хигиена и редовните превентивни професионални чистења во нашата ординација можат да го осигураат успехот на имплантите. При имплантирањето се користи анестезија слично како при вадење заб, така што целата постапка е апсолутно безболна. Постоперативно, доколку е потребно се препишуваат аналгетици кои ќе ја олеснат болката.
Исто така ладните облоги и другите упатства за после имплантирање ќе го сведат можното отекување на минимум и следниот ден сте подготвени за нормални секојдневни работни обврски. Најголем број пациенти изјавуваат со радост дека имплантирањето е многу поедноставна процедура отколку вадење заб!!!