
Вработена сум како стоматолошка сестра во ординацијата, каде активно учествувам во пружање квалитетна грижа за пациентите и поддршка на стоматолошкиот тим. Имам завршено средно медицинско образование, а моментално сум студент на Стоматолошки факултет, насока доктор по стоматологија.
Мојата определба за стоматологијата произлегува од желбата да придонесам кон подобрување на оралното здравје и самодовербата на пациентите. Здравата и убава насмевка има значајно влијание врз целокупната благосостојба, што претставува моја дополнителна мотивација во професионалниот развој.
Во секојдневната работа се водам од внимателност, љубезност, сѐ со цел да создадам пријатна и опуштена атмосфера, каде пациентите ќе се чувствуваат сигурно и добредојдено.
Посветена сум на континуирано усовршување и стекнување нови знаења, со цел обезбедување квалитетна и професионална услуга.