Првите чекори во стручната едукација ги направив во средно медицинско училиште МУЦ ,,Др. Панче Караѓозов,,во Скопје во отсек забни техничари. Своето образование го продолжив на Стоматолошкиот факултет во Скопје,остварувајќи ја идејата за грижа на здравјето на луѓето како дипломиран Доктор по стоматологија. Станувајќи дел од успешниот тим на стоматолошката ординација ,,Царчев- Чортаноски,,имам можност да ги остварам сопствените амбиции и со целосна посветеност и креативност да се стремам кон визијата за остварување на професионалните цели. Грижата за пациентите од секој аспект(човечки и професионален) е катализаторот на мојата работа,зошто секој пациент заслужува стоматолошката ординација да ја напушти задоволен и со здрава насмевка.