Др. Татјана Арсова родена на 30.06.1974 година во Струмица.
По завршувањето на средно медицинско училиште „Др Панче Караѓозов“ во Скопје, се запишува на Стоматолошки факултет – Скопје, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на кој дипломира во 2000 година. По обавувањето на задолжителниот стаж на Стоматолшкиот факултет – Скопје, истата година се вработува во Стоматолошка одрдинација ПЗУ „Царчев-Чортановски“, каде што работи до денес.
Во Ординацијата се усовршува во својата струка, стекнувајки знаења и искуства од врвните специјалисти Примариус др. Павле Царчев, и Специјалист по орална хирургија, др. Љупчо Чортановски.
Во своето долгогодишно работно искуство, др. Татјана Арсова се усовршувала во струката, посетувајки најразлични обуки, курсеви, семинари и симпозиуми во земјата и странство.
Член е на Стоматолошката комора на Македонија.
Др. Татјана Арсова, се карактеризира со стрпливост, прецизност и одговорност спрема работата, па затоа често е барана од најмладата популација (децата од предшколска и школска возраст).