Дипломирала на Стоматолошкиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1998 година. Задолжителниот стаж го извршува при Стоматолошкиот факултет во Скопје и по положениот Државен испит, во 1999 година станува дел од тимот на ПЗУ „Царчев-Чортаноски”, каде работи до денес. За време на својот долгогодишен работен стаж, се усовршува во повеќе области од стоматолошката пракса. Посебен аспект придава на естетската и рестсвративната стоматологија,вклучувајќи ја и протетската дејност. Од дипломирањето до денес посетува семинари, курсеви и обуки во земјата и странство, со цел најновите достигнувања во стоматологијата да ги имплементира во сопствената ординација.
-Мастер курс за композитни венери
-Инекциона техника за реставрации во усна шуплина
-Мастер курс за ендодонтски третмани.
2022 Комплетен естетски едногодишен третман
2022 Анализа на насмевката и примена на дигиталната технологија за санација на истата.
2022 Примена на дигиталната технологија во стоматолошката протетика .
Овој вид на современа технологија ја применува во секојдневната пракса при решавањето на комплексните случаи од областа на стоматолошката протетика, како и естетската стоматологија кај сопствените пациенти.
Член е на Стоматолошката комора на Македонија, Здружението на приватни стоматолози, Естетското стоматолошко здружение.
Во 2016 година станува овластен едукатор од Стоматолошката комора, на новодипломираните доктори од областа на општата стоматологија.
Стрплива, внимателна и грижлива во својата работа.
Посетува многубројни курсеви и едукатини предавања организирани од страна на ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ од областа на медицината и претприемништвото, а на накои од нив дава и свој личен придонес.