Team Categories: Team

Мелек Сулејман

Мелек Сулејман е дипломиран висок забен техничар, родена на 16.01.1999 година во Скопје – Карпош. Работи на позиција стоматолошка сестра, каде со својата посветеност, организираност и професионален пристап придонесува за квалитетна грижа и пријатна атмосфера за пациентите. Се одликува со комуникативност, одговорност и тимска работа.

Read Blog Detail

Др Даниела Костова

Д-р Даниела Костова, дипломиран доктор по дентална медицина на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2015 година .По завршувањето на задолжителниот стаж, континуирано се надградува со нови знаења и вештини работејќи во неколку стоматолошки ординации. Од неодамна е дел од тимот на ПЗУ Царчев Чортановски и е посветена на обезбедување квалитетна и современа стоматолошка грижа. Со професионален пристап и внимание кон секој пациент нуди третмани прилагодени на индивидуалните потреби, со фокус на здравјето и естетиката на насмевката . Нејзина цел е да создаде пријатно и сигурно искуство за пациентите и да обезбеди долготрајни резултати и самоуверена насмевка.

Read Blog Detail

Даница Дабевска

Вработена сум како стоматолошка сестра во ординацијата, каде активно учествувам во пружање квалитетна грижа за пациентите и поддршка на стоматолошкиот тим. Имам завршено средно медицинско образование, а моментално сум студент на Стоматолошки факултет, насока доктор по стоматологија.

Мојата определба за стоматологијата произлегува од желбата да придонесам кон подобрување на оралното здравје и самодовербата на пациентите. Здравата и убава насмевка има значајно влијание врз целокупната благосостојба, што претставува моја дополнителна мотивација во професионалниот развој.

Во секојдневната работа се водам од внимателност, љубезност, сѐ со цел да создадам пријатна и опуштена атмосфера, каде пациентите ќе се чувствуваат сигурно и добредојдено.

Посветена сум на континуирано усовршување и стекнување нови знаења, со цел обезбедување квалитетна и професионална услуга.

Read Blog Detail

Др. Бети Девиќ

Првите чекори во стручната едукација ги направив во средно медицинско училиште МУЦ ,,Др. Панче   Караѓозов,,во Скопје   во отсек забни техничари.  Своето образование го продолжив на Стоматолошкиот факултет во Скопје,остварувајќи ја идејата за грижа на здравјето на луѓето како дипломиран Доктор по стоматологија.      Станувајќи дел од успешниот тим на стоматолошката ординација ,,Царчев- Чортаноски,,имам можност да ги остварам сопствените амбиции и со целосна посветеност и креативност да се стремам кон визијата за остварување на професионалните цели.   Грижата за пациентите од секој аспект(човечки и професионален) е катализаторот на мојата работа,зошто секој пациент заслужува стоматолошката ординација да ја напушти задоволен и со здрава насмевка.

 

 

 

Read Blog Detail

Др сци. Татјана Арсова

Др Татјана Арсова е родена на 30.06.1974 година во Струмица.

Дипломирала на Стоматолошкиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2000 година. Истата година, по завршување на задолжителниот стаж на Стоматолошкиот факултет – Скопје и полажувањето на државниот испит, се вработува во Стоматолошката ординација ПЗУ Царчев – Чортаноски каде што работи и денес.

Во 2019 година се запишува на специјализација на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје – Стоматолошки Факултет, од областта стоматолошка протетика, а во 2022 година се здобива со звање Специјалист по стоматолошка протетика.

Во своето долгогодишно работно искуство, др Татјана Арсова се усовршува во струката,  посетувајки најразлични обуки, курсеви, семинари, конгреси и симпозиуми во земјава и странство, и е коавтор на неколку научни трудови во областа на стоматолошката протетика.

Член е на стоматолошката комора на Македонија, ДДДММ.

Др Татјана Арсова се карактеризира со стрпливост, прецизност и одговорност кон работата.

закажи термин на 070 545 126 или online

Read Blog Detail

Др. Јасминка Динеска Фирфов

Др. Јасминка Динеска Фирфоф е дипломиран доктор по стоматологија. Го завршува Стоматолошкиот Факлтет во Скопје во 1998 год. и веднаш се приклучува кон тимот Царчев- Чортаноски. Учествува на голем број домашни и меѓународни семинари, конгреси, работилници и други едукативни настани од областа на стоматологијата.
Посетува:
-курс за модерна ендодонција
-едукативен курс на атхезивна препарација и цементирање на безметална керамика
-имплантолошки курс Ankylos, (планирање хируршка постава на импланти со имплантопротетика)
-обука за PRP (Platelet Rich Plasma) терапија и премена во медицина и стоматологија
Со својата повеќегодишна клиничка пракса, пријатен однос и професионална грижа,има изградено голема доверба кај пациентите од сите возрасти.
Активно го познава и говори англискиот јазик.
Read Blog Detail

Др. Виолета Фидановска

Дипломирала на Стоматолошкиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1998 година. Задолжителниот стаж го извршува при Стоматолошкиот факултет во Скопје и по положениот Државен испит, во 1999 година станува дел од тимот на ПЗУ „Царчев-Чортаноски”, каде работи до денес. За време на својот долгогодишен работен стаж, се усовршува во повеќе области од стоматолошката пракса. Посебен аспект придава на естетската и рестсвративната стоматологија,вклучувајќи ја и протетската дејност. Од дипломирањето до денес посетува семинари, курсеви и обуки во земјата и странство, со цел најновите достигнувања во стоматологијата да ги имплементира во сопствената ординација.

-Мастер курс за композитни венери

-Инекциона техника за реставрации во усна шуплина

-Мастер курс за ендодонтски третмани.

2022 Комплетен естетски едногодишен третман

2022 Анализа на насмевката и  примена на дигиталната технологија  за санација на истата.

2022 Примена на дигиталната технологија во стоматолошката протетика .

Овој вид на современа технологија  ја применува во секојдневната пракса при  решавањето на комплексните случаи од областа на стоматолошката протетика, како и естетската стоматологија кај сопствените пациенти.

 

Член е на Стоматолошката комора на Македонија, Здружението на приватни стоматолози, Естетското стоматолошко здружение.
Во 2016 година станува овластен едукатор од Стоматолошката комора, на новодипломираните доктори од областа на општата стоматологија.
Стрплива, внимателна и грижлива во својата работа.

Посетува многубројни курсеви и едукатини предавања организирани од страна на ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ од областа на медицината и претприемништвото, а на накои од нив дава и свој личен  придонес.

ЗАКАЖИ ТЕРМИН НА ТЕЛЕФОН 078 387 369 или

ONLINE

Read Blog Detail